Над 50 глоби за непрописно паркирање на пешачките и велосипедските патеки во центарот на Скопје
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.За неколку недели се изречени повеќе од 100 мерки и повеќе од 50 глоби против лица за непрописно паркирање на пешачките површини и на велосипедските патеки, информираат од градскиот инспекторат во Скопје.
Од таму додаваат дека најмногу ја следеле ситуацијата на булеварот „Свети Климент Охридски“ и на улицата „Свети Кирил и Методиј“, кои претходно биле посочени како проблематични од страна на граѓаните
„Деновиве состојбата на двете сообраќајници во централното градско подрачје е значително променета и повеќе нема узурпација на просторот од непрописно паркирани возила“, се наведува во соопштението во кое се додава дека контролите на градскиот инспекторат ќе продолжат и во наредниот период, на локации во сите скопски општини.
Извор: Макфакс