Правдико

   

Над 56 илјади неважечки ливчиња на локалните избори

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

И во вториот круг на локалните избори во земјава се утврдени голем број неважечки ливчиња. Според податоците на ДИК, вкупниот број на неважечки гласачки ливчиња во вториот круг е 12.282.

Во првиот круг на локалните избори ДИК утврди дека 44.481 од гласачките ливчиња се неважечки. Бројот на неважечки ливчиња е поголем за нешто над 6.000 од оној за изборите за градоначалник во 2013, кој по двата круга беше 38.787.

Бројот на неважечки ливчиња на парламентарните избори во 2014 година бил 23.428, но тогаш се уважувале и ливчиња на кои имало ненамерна чкртаница или други отстапувања. На претседателските избори во 2009 година имало приближно како и на првиот круг од гласањето – 45.513 неважечки ливчиња.

Причина за тоа е строгото упатство издадено до избирачките одбори, според кое се уважуваат гласачките ливчиња на кои броевите биле заокружени. На оние гласачи што бројот го обележале со триаголник, квадратче, го штиклирале или заокружиле со фломастер што си го донеле од дома, ливчињата не им се уважени.

Во Македонија денеска се одржа вториот круг од  шестите локални избори по независноста на земјата. Граѓаните избираа градоначалници во 35 општини, на 1517 избирачки места, каде право на глас имаа 833.710 граѓани.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико