Над 70% од лекарите казнети оти препишале повеќе антибиотици
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Речиси и да нема ординација во Штип, а лекарот да не е казнет бидејќи препишал повеќе антибиотици од нормата пропишана од ФЗО. Иста е состојбата и во останатите градови во источниот дел од државата.
Од Здружението на матични лекари пресметале дека на околу 70-90% од приватните амбуланти им е намален буџетот кој од Фондот за здравство го добиваат по основ на капитација.
Во зависност од бројот на пациенти еден матичен лекар може да издаде одреден број на рецепти за антибиотици и лекови за смирување. Надминувајќи ја квотата, по автоматизам добива и намалување на буџетот. Лекарите реагираат дека бројот на издадени рецепти, не соодветствува со бројот на Фондот за здравствено осигурување, а со оваа мерка докторите се приморани да внимаваат со препишувањето на лекови.
Според Фондот за здравство, Берово со просек од 7,9 е на прво место во Македонија по издадени рецепти на осигуреник. Во врвот по издадени рецепти во државата е и Делчево. Лани само во првите шест месеци од годината според ФЗО биле издадени речиси 153 илјади рецепти.
Извор: Ирис