Над 80 уапсени во насилни протести во Сент Луис | Правдико

Правдико

   

Над 80 уапсени во насилни протести во Сент Луис

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Повеќе од 80 луѓе се уапсени во американскиот град Сент Луис за време на насилните протести, кои непрекинато траат веќе трет ден, поради ослободителната пресуда за полицаец кој застрела црнец.

Џејсон Стокли (36) беше ослободен во петокот за убиство на 24-годишниот Ентони Ламар Смит, кој беше фатално застрелан по полициската потрага во 2011 година.

Дневните протести се ненасилни, но тензиите ескалираат преку ноќ.
Полицијата во Сент Луис рече дека некои полицајци фрлале хемикалии и камења кон толпата.

„Денес видовме повторно огромно мнозинство демонстранти кои не се насилни“, рече градоначалникот на Сент Луис, Лида Крејсон.

Протестите почнаа во петокот веднаш по одлуката на судот да го ослободи полицаецот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико