Над половина век вкупна затворска казна во „Чекан“ | Правдико

Правдико

   

Над половина век вкупна затворска казна во „Чекан“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Седум затворски и една ослободителна пресуда е донесена за осумина од обвинетите за лихварство и изнуда во презметот познат во јавноста како „Чекан“. Првостепените пресуди во Основниот суд Скопје 1, беа донесени денеска и како што соопшти Основното јавно обвинителство на обвинетите вкупно им е изречена затворска казна од 53 години и шест месеци

12072016114715_web_maj_0402

Поединечно, казните за седумината осудени се движат од две ипол до 11 ипол години затвор. Најголемата ја добил обвинетиот Ф.А., а командирот на полициска станица кој се товареше дека помагал во вршењето на делата е осуден на две години и девет месеци.

– Ценам дека Судот со изречените казни го утврди тоа што во обвинението го имав наведено и дека казните во целина соодветствуваат на сторените кривични дела. Осомничените се осудени на вкупно 53 години и 6 месеци години затворска казна, што за нас е правична осуда – истакнала надлежната јавна обвинителка Маја Конеска од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Според неа, во текот на судењето биле изведени многубројни писмени и вербални докази, како и такви кои биле прибавени со посебни истражни мерки, а биле сослужани 45 сведоци кои јасно и категорично ги потврдиле и објасниле сериозноста на заканите и употребата на сила кои врз нив ги вржеле веќе осудените.

За потсетување, криминалната група која беше гонета во „Чекан“, дејствувала во континуитет од 2008 година, претежно на територијата на Општина Гостивар, а главен мотив, како што соопшти обвинителство, им бил стекнување на противправна имотна корист. Обвинетите во случајот се товареа дека подолго време се занимавале со давање пари на заем на други лица со догвор и искористувајќи ја тешката состојба на нивните „клиенти“ тие за себе договарале нерсразмерна имотна корист. За враќање на заемот, пак, како што соопштија од обвинителството, вршеле притисок со закани и физички напади врз оштетените.

Осумтемина обвинети, за кои вчера судот донесе пресуда, не се единствените кои беа гонети во рамки на „Чекан“. Имено, беа опфатени 21 лице, од кои тројца се спогодија и признаа вина во текот на истрагата, а едно се спогоди во фаза на оценка на обвинителниот акт. За три лица, пак, предметот е префрлен на гостиварското обвинителство, а за тојца беше донесена наредба за запирање на истрагата.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико