Надлежности, права и обврски и чекори на инспекциската процедура | Правдико

Правдико

   

Надлежности, права и обврски и чекори на инспекциската процедура

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

44945Државниот пазарен инспекторат, како орган во состав на Министерството за економија, со својство на правно лице, своето работење го заснова врз одредбите на Законот за државен пазарен инспекторат, со кој се уредуваат неговите надлежности и овластувања, како и повеќе посебни закони и подзаконски акти.

Активностите на Државниот пазарен инспекторат се остваруваат  преку редовни инспекциски надзори кај правни и физички лица и други субјекти кои стопанисуваат на територијата на Република Македонија. Се постапува и по преставки од граѓани и други субјекти, а се организираат и координирани акции на ниво на Инспекоратот и во соработка со други институции, надлежни за спроведување на закони од областа на надзор на пазарот.

Основните надлежности на инспекторите се определенаи во Законот за Државниот пазарен инспекторат, и во сите претходно наведени.

Во законите се строго определени правата и обврските на инспекторите за текот на инспекцискиот надзор, комуникација со граѓаните,  институциите на државата и стопанството применувајки ги начелата на:

  • законитост,
  • заштита на јавниот интерес,
  • еднаквост,
  • непристрасност и објективност,
  • материјалната вистина,
  • самостојност,
  • јавност,
  • пропорционалност,
  • превенција,
  • субсидијарност и сослушување на субјектот на надзор.

Самиот инспекциски надзор се одвива во повеќе фази, почнувајки со:

  1. легитимирање,
  2. информирање на субјектот за предметот на надзорот,
  3. обезбедување на основни податоци за идентификација на субјектот и објектот во кој се врши надзор,
  4. прибавување на потребната деловна документација за вршење на надзорот и
  5. обезбедување на непречен пристап до истата.

Инспекторот го информира одговорното или присутното лице дека законски е обврзано да соработува во текот на надзорот
Надзорот може да биде извршен по основ на:

  • преставка од граѓанин или институција како вонреден во било кое време, без налог и претходна најава, и
  • по службена должност во согласност со програмата за работа на инспекторатот.

За извршениот надзор инспекторот сочинува записник за констатитраната фактичка состојба. Со содржината на истиот се запознава субјектот со можност своите забелешки (доколку ги  има) да ги внесе во записникот веднаш или во рок од 3 дена доколку ги поднесе во писмена форма до инспекторот. На доставениот приговор инспекторот е должен да одговори. Примерок од записникот останува кај контролираниот субјект. Контролираниот субјект има право да бара записник во печатена форма.

Од констатираната фактичка состојба произлегуваат понатамошните активности на инспекторатот.

Имено, за одредени неправилности законски се предвидени   укажувања со определување рокови за нивно отстранување  со истовремена едукација на субјектот-како што е претходно наведено по области.

Доколку субјектот постапи по укажувањето и ги отстрани неправилностите постапката се запира со заклучок, а во спротивно се покренува прекршочна постапка.

За друга група на неправилности, пред да се покрене прекршочната постапка, на сторителот му се предлага постапка за порамнување или посредување.

За дел од констатирани неправилности предвидени се и управни мерки (привремена забрана за вршење на дејност, привремено одземање на производи и др.).  Прекршочната постапка за прекршоците предвидени во законите по кои постапува Државниот пазарен инспекторат ја водат надлежните судови или Прекршочната комисија во состав на Државниот пазарен инспекторат.

Обврски на стопанствениците

– Почитувајте ги законските прописи – тоа овозможува поуспешно да ја извршување на дејноста
– Решението или тековна состојба од ЦР на РМ, жиро сметка и даночен број, Решението или пријавата за исполнување на МТУ за вршење на дејноста, документација за извршена набавка и продажба на трговска стока и услуги во пропишана форма, треба секогаш да бидат во деловниот објект-тоа овозможува побрзо и поефикасно завршување на инспекцискиот надзор.
– Истакнете ја Вашата фирма, работното време  и тел. број на Државниот пазарен инспекторат.
– Пријавете го работното време на објектот во Централниот регистар на Република Македонија и придржувајте се кон истото,
– Набавувајте и продавајте исклучиво декларирани производи,
– Истакнете ги малопродажните цени на производите онака како што сте ги формирале,
– Секоја промена на цените уредно означете ја и евидентирајте ја во деловните книги,
– Обработката на документите за набавка и продажба вршете ја во определениот рок од 8 дена,
– За секоја извршена продажба или дадена услуга издавајте сметка од фискален апарат,
– Редовно верифицирајте ги мерилата
– Не продавајте цигари, алкохолни и енергетски пијалоци  на малолетни лица и тоа истакнете го на објектот,
– Алкохолните пијалоци продавајте ги само во определените термини,
– Не дозволувајте пристап на малолетни лица во ноќни барови и кабареа, а во дискотеките  после 23, 00 часот,
– Не послужувајте алкохолни пијалоци на малолетни лица, а на останатите пред 10,00 часот.

Извор: http://www.dpi.gov.mk

Партнери на Правдико