Правдико

   

Надлежностите на трудовата инспекција

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

man_performing_university_inspectio_450Државниот инспекторат за труд врши инспекциски надзор над примената на законите и другите прописи за работни односи, вработување и заштита при работа и на колективните договори, договорите за работа и другите акти, со кои се уредуваат и остваруваат правата, обврските и одговорностите иа работниците и работодавците во областа на работните односи, вработувањето и заштитата при работа.

Работите на инспекцискиот надзор во рамките на надлежностите на Инспекторатот утврдени со закон, непосредно ги вршатдржавни инспектори на труд.

Во вршењето на работите на инспекцискиот надзор, инспекторот е овластен, во секое време на денот и ноќта, да влезе во просториите на работодавецот, без претходно најавување и без оглед на работното време на работодавецот. Веднаш по влегувањето, инспекторот е должен, за своето присуство да го извести работоводниот орган, односно законскиот застапник или друг овластен работник на работодавецот, доколку истите се присутни во просториите на работодавецот. Отсуството на тоа лице не може да биде пречка за вршење на инспекциски надзор.

Работодавецот е должен, на инспекторот да му овозможи непречено вршење на надзорот и на негово барање да му даде односно да му достави на определено место и во определено време, списи, акти, информации и други податоци, потребни за вршење на ииспекцискиот надзор.

Во вршењето на инспекцискиот надзор, инспекторот има право да влегува и да ги прегледува сите работни простории и работни места и да направи увид во сите делови на техничко-технолошкиот процес на трудот, на средствата за работа, на заштитните средства и опрема, на условите за работа, на деловните книги, исправите, договорите и другите документи и акти на работодавецот.

Во постапката на инспекцискиот надзор, инспекторот е овластен да прибира потребни податоци и информации, да зема изјави од работници, да издава усмени и писмени наредби и по потреба да побара асистенција од надлежен државен орган. Исто така Инспекторот е овластен,  да бара лични исправи (лична карта, ласош и слично) од лицата затекнати на работа кај работодавецот, кои се должии бараните исправи да ги дадат на увид.

Во  согласност  со  закон  заради  отстранување  на  утврдените  неправилности инспекторот има право и обврска на субјектот на надзорот:

1) да му укаже на утврдените неправилности и да определи рок за нивно отстранување;

2) да му нареди да преземе соодветни мерки и активности во рокот кој ќе го определи инспекторот и

3) да забрани работа во работна просторија, на дел од техничка технолошка целина, на одделно работно место или на орудие за работа.

Инспекторот е должен да состави записник за извршениот инспекциски надзор кој содржи податоци, особено за денот и часот на инспекцискиот надзор, работодавецот, констатираната состојба и изречените мерки. Примерок од записникот за извршениот инспекциски надзор му се предава односно доставува на работодавецот.

Inspection Report and KeysИнспекторот е должен да го земе во постапка секое барање на работникот заради остварување, односно заштита на правата од работниот однос и  заштита при работа. Барањето, работникот може да го поднесе писмено или да го изјави усмено пред инспекторот.  Инспекторот е должен да постапи по барањето на подносителот на барањето, и да му достави писмено известување за утврдената состојба.

Доколку се утврди повреда на прописите над чија примена врши надзор, донесува решение согласно со законот. Против решението на инспекторот за труд може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението. По жалбата против одлуката на инспекторот одлучува посебна комисија составена од три члена кои ги именува министерот надлежен за работите од областа на трудот.  Против конечното решение на инспекторот на трудот, донесено по барање на работник за одложување од извршување на конечна одлука на работодавачот, за која се води работен спор пред надлежен суд, не може да се поведе управен спор.

Ако повредата на прописот претставува прекршок или кривично дело, инспекторот е должен до надлежниот орган да поднесе барање, односно пријава за поведување на соодветна постапка.

Глоби:

Со парична казна од 150.000 до 250.000 денари ќе се казни за прекршок работодавецот ако:

1) го спречи, односно попречува инспекторот на труд во вршењето на работите на инспекцискиот надзор и

2) ги отпечати запечатените работни простории, работни места или орудија за работа ва механизиран погон на работодавецот.

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико