Правдико

   

Надоместок за оние кои останале без работа во вонредната состојба

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Владата на синоќешната седница одлучила лицата кои останале без работа во периодот од 11 март до 30 април годинава, без разлика колку време биле во работен однос, можат да остварат право на паричен надоместок во висина од 50 отсто од месечна нето плата што работникот ја примил во последниот месец. Висината на платата не може да биде повеќе од 80 отсто од последната, просечна, месечна нето плата по работник исплатена во државава.

„Овој надомест се исплатува во случај кога работниот однос престанал со давање на писмена изјава од страна на работникот, ако спогодбено му престанал работниот однос или ако престанал со отказ од страна на работодавачот, во периодот од два месеца, сметано од престанокот на работниот однос“, соопштија од Владата.

Оваа Уредба ја донесе Владата на синоќешната седница, со законска сила, со која се изменува и дополнува Уредбата за примена на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, за време на вонредна состојба. Целта е да се обезбеди материјално обезбедување и на невработени лица на кои работниот однос им престанал, не по нивна вина и волја.

Извор: Радио Слободна Европа

Партнери на Правдико