Правдико

   

Постапка за родителски додаток за трето дете

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Fountain-7616-8_0x10_0-33AЗаштитата на децата е организирана дејност заснована на правата на децата, како и на правата и обврските на родителите за планирање на семејството и на државата и единиците на локалната самоуправа за водење хумана популациона политика.  Заштитата на децата се остварува со обезбедување на услови и ниво на животен стандард  што  одговара  на  физичкиот,  менталниот,  емоционалниот,  моралниот  и социјалниот развој на децата. Државата, како и единиците на локалната самоуправа се грижат за давање на соодветна материјална помош на родителите за издржување, подигнување, грижа и заштита на децата и организирање и обезбедување на развој на установи и служби за заштита на децата. 

Една од мерките предвидени во Законот за заштита на дацета е родителски додаток за живородено трето дете.

Услови

Родителски додаток за дете остварува мајка за своето трето живородено дете. Правото  остварува мајка која е државјанин на Република  Македонија  со  постојано  место  на  живеење  во  Република  Македонија последните три години пред поднесување на барањето. Исто така  ова право го остварува мајка која непосредно се грижи за детето за кое поднела барање,  чии деца од претходниот ред на раѓање не се сместени во установа за социјална заштита, згрижувачко семејство или не се дадени на посвојување и на која не и е одземено родителското право над децата од претходниот ред на раѓање.

Правото  не може да се оствари ако мајката за време на бременоста не вршела здравствени прегледи и контроли кај избран лекар – специјалист по гинекологија и акушерство. Правото на надоместок  не може да се оствари, односно ќе го изгуби веќе оствареното право, доколку:

– не се вршат задолжителните вакцинации на детето согласно  со закон  и

– детето не биде запишано и редовно не ја следи наставата во основно училиште согласно со закон.

По исклучок  правото на родителски додаток се  остварува и за детето:

– кое поради болест или повреда е спречено редовно да ја посетува наставата и заради таквата спреченост вонредно го продолжува образованието согласно со  закон и

– кое поради степенот на попреченоста не може да се образува согласно со  закон.

Правото на надоместок  во случај мајката да не е жива, да го напуштила детето, или од оправдани причини да е спречена непосредно да се грижи за детето, правото  наместо  мајката  може  да  го  оствари  таткото  или  старателот,  доколку  ги исполнува условите .

Под оправдани причини се мисли на:

– подолготрејно континуирано болничко лекување на мајката,

– сериозно нарушена здравствена состојба на мајката,

– студиски престој, усовршување и специјализација на мајката и

– одземена деловна способност на мајката.

Родителскиот додаток за трето дете  се исплатува месечно, за период од десет години, во висина од 8.048 денари. Износот  се усогласува со порастот на трошоците на живот за претходната година објавени од Државниот завод за статистика во јануари за тековната година.

ПОСТАПКА

Постапката за остварување, односно продолжување на ова право  се поведува по поднесено барање на родителот, односно старателот на детето. Барањето за остварување на правото, со потребна документација во прилог се поднесува до центарот за социјална работа надлежен за подрачјето на кое подносителот на барањето има живеалиште.

Потребна документација

Со барањето за остварување на правото на родителски додаток за дете (за трето дете)  кога  подносител  на  барањето  е  мајката,  се  поднесува/обезбедува  следната документација:

1. Важечка лична карта на увид за утврдување на идентитетот, државјанството и постојаното место на живеење во Република Македонија последните три години пред поднесување на барањето,  (а за мајките за кои од личната карта не може да се утврди дека се државјани на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија последните три години пред поднесување на барањето и доказ   со кој се потврдува односно од кој може да се утврди дека се државјани на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија последните три години пред поднесување на барањето);

2. Препис на  извод од матичната  книга на родени за детето;

3. Изјава   од   мајката како подносител на барањето дека не живее и не работи во странство;

4. Препис на   изводи од матичната книга на родени за   децата од претходниот ред на раѓање на мајката, а ако има починато дете/ца   и препис на извод односно изводи   од матичната книга на умрените и изјава од мајката за редоследот на раѓања на децата, спрема датумот и часот на раѓањата, запишани во изводот од матичната книга на родени на детето, а ако има починато дете се наведува и датумот и часот на смртта на детето, запишани во изводот од матичната книга на умрени на детето;

5. Доказ дека децата од претходниот ред на раѓање не се сместени во установа за социјална заштита, згрижувачко семејство или не се дадени на посвојување;

6. Доказ дека не и е одземено родителското право на мајката над децата од претходниот ред на раѓање;

7.  Доказ за мајката за извршени здравствени прегледи и контроли за време на бременоста;

8. Доказ за   вршење на задолжителните вакцинации на детето за кое се остварува правото согласно закон;

9. Потврда дека детето за кое се остварува правото е запишано и редовно ја следи наставата во основно училиште;

10. Потврда за вонредно продолжување  на образованието, – за дете за кое се остварува
правото и кое поради болест или повреда е спречено редовно да ја посетува наставата;

11. Потврда за дете за кое се остварува правото дека поради видот и степенот   на попреченост не може да се образува.

Во случаите кога подносител на барањето за остварување на правото на родителски додаток за дете е таткото односно старателот, со   барањето   се поднесува/обезбедува следната документација:

1. Важечка лична карта од   мајката   на увид за утврдување на постојано место на живеење, односно доказ за постојано место на живеење за мајката освен во случај мајката да не е жива;

2. Важечка лична карта од таткото односно старателот     на увид за утврдување на идентитетот, државјанството и постојаното место на живеење во Република Македонија последните три години пред поднесување на барањето, (а за татко односно старател за кој од личната карта не може да се утврди дека е државјанин на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија последните три години пред поднесување на барањето и доказ   со кој се потврдува односно од кој може да се утврди дека е државјанин на Република Македонија  со постојано место на живеење во Република Македонија последните три години пред поднесување на барањето;

3. Препис на извод од матичната книга на родени за детето;

4. Препис на изводи од матичната книга на родени за децата од претходниот ред на раѓање на мајката, а ако има починато дете/ца   и препис на извод односно изводи   од матичната книга на умрените и изјава од таткото   односно старателот за редоследот на раѓања на децата на мајката, спрема датумот и часот на раѓањата, запишани во изводот од матичната книга на родени на детето, а ако има починато дете се наведува и датумот и часот на смртта на детето, запишани во изводот од матичната книга на умрени на детето;

5. Доказ дека децата од претходниот ред на раѓање не се сместени во установа за социјална заштита, згрижувачко семејство или не се дадени на посвојување;

6. Доказ дека не му е одземено родителското право на таткото односно старателот над децата   од претходниот ред на раѓање а за старателот и доказ дека не му е одземено старателското  право;

7. Препис на извод од книгата  на умрените во случај кога мајката е почината;

8. Доказ дека мајката го напуштила детето;

9. Потврда за подолготрајно континуирано болничко лекување на мајката;

10.  Доказ  за  сериозно  нарушена  здравствена  состојба  на  мајката,  со  оценка  за нарушената здравствена состојба;

11. Доказ за студиски престој, усовршување и специјализација на мајката;

12. Доказ за одземена деловна способност на мајката;

13. Изјава од таткото односно старателот како подносител на барањето дека не живее и не работи во странство;

14. Доказ за мајката за извршени здравствени прегледи и контроли за време на бременоста;

15. Доказ за вршење на задолжителните вакцинации на детето за кое се остварува правото согласно закон;

16. Потврда дека детето за кое е остварено правото е запишано и редовно ја следи наставата во основно училиште;

17. Потврда за вонредно продолжување   на образованието – за дете за кое е остварено
правото и кое поради болест или повреда е спречено редовно да ја посетува наставата;

18. Потврда за дете за кое е остварено правото дека поради видот и степенот   на попреченоста не може да се образува

Центарот за социјална работа издава потврда и уверение за статусот на корисникот на правото  во рок од десет дена од денот на поднесувањето на барањето .  По барање на центарот за социјална работа правните и физичките лица се должни да дадат податоци што претставуваат доказ за остварување на правото. Остварувањето на едно од правата за заштита на децата, не го исклучува користењето на друго право

–ПРАВДИКО–

Поврзани статии:

Постапка за парична помош на самохран родител кој има дете со пречки во развојот

– Што се обезбедува со детскиот додаток ?

– Што претставува Условениот паричен надоместок?

 

Партнери на Правдико