Надзор на следењето на комуникациите во Македонија – правејќи го невозможното возможно | Правдико

Правдико

   

Надзор на следењето на комуникациите во Македонија – правејќи го невозможното возможно

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Screenshot_1Во периодот август 2014 – мај 2015 Аналитика работеше на студијата „Надзор на следењето на комуникациите во Македонија – правејќи го невозможното возможно”.

Целта на студијата е да ја оцени важечката правна рамка за следење на комуникациите во Македонија, да открие можни недостатоци кои овозможуваат повреда на човековите права и граѓанските слободи и да обезбеди препораки за подобар надзор и контрола над институциите кои се надлежни за примена на следењето на комуникациите.

Областа на следење на комуникациите е регулирана со неколку закони и сите тие се соочија со важни измени во последните неколку години. Генерално, правната рамка за следење во голема мера е усогласена законодавството на ЕУ и институциите надлежни за следење имаат многу попогодна средина за спроведување на мерката.

Статистичките податоци откриваат загрижувачки тренд дека судовите се целосно усогласени со Министерството за внатрешни работи, кога им се бара одобрување на следење на комуникациите. Со стапка на одобрување од 100%, Основниот суд Скопје 1 за ниедно барање не се произнесол дека е несоодветно. Се поставуваат прашања за експертизата на судиите да ги оценуваат потенцијалните безбедносни ризици и основи на сомнение, но постои и загриженост за независноста и непристрасноста на судската власт. Освен тоа, евидентно е ниското ниво на транспареност во однос на проблематиката од страна на Министерството за внатрешни работи, Царинската управа и Финансиската полиција како органи надлежни за следење на комуникациите.

Во однос на парламентарниот надзор, законската рамка е во голем дел на место – да се има парламентарни комисии специјализирани за надзор над следењето на комуникациите ретко може да се најде дури и кај најразвиените демократии. Сепак, постоечките механизми не се функционални во практиката. Недостатокот на политичка волја, култура на отчетност, дискутабилен однос на институциите кон Собранието и пристап до експертиза меѓу пратениците не овозможува соодветен надзор над надлежните институции. Освен тоа, честите и длабоки политички кризи оневозможуваат дури и формирање на комисиите и спроведување на основен надзор. Народниот правобранител исто така има одредени надлежности да ја надгледува работата на институциите од безбедносниот сектор; досега, овие надлежности не биле доволно искористени и Народниот правобранител претежно се фокусира на конкретни претставки од граѓаните.

Во студијата се препорачуваат бројни мерки за дополнително презицирање на правната рамка која го уредува парламентарниот надзор над следењето на комуникациите, а особено во насока на дефинирање на механизмите кои им се достапни на пратениците.

Со оглед на тоа што надлежните комисии се соочуваат со недостиг на пристап до експертиза, покрај зајакнување на капацитетите се препорачува поактивно користење на Парламентарниот институт како интерно истражувачко тело, како и граѓанските организации кои се активни во областа. Парламентарните комисии треба активно да соработуваат со Јавното обвинителство, да го викаат Јавниот обвинител на седници и да расправаат за неговите извештаи. Собранието треба да соработува и со независните институции како што е Народниот правобранител. Со оглед на слабостите во парламентарниот надзор кои беа детектирани, решенијата на краток со среден рок вклучуваат поголем ангажман од страна на Народниот правобранител.

Автори на студијата:

Андреја Богдановски, истражувач за безбедносни прашања,  abogdanovski@analyticamk.org

Магдалена Лембовска, истражувач за безбедносни прашања,  mlembovska@analyticamk.org

Целото издание можете да го превземете ТУКА

 

Партнери на Правдико