Најава за четврт протест на исклучените од Топлификација | Правдико

Правдико

   

Најава за четврт протест на исклучените од Топлификација

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во сабота, 11. 04. 2015, со почеток во 12 часот, кај Триумфалната порта, ќе се одржи четвртиот протест на исклучените од Топлификација.

parno-radijator

Овие Протестите се усмерени против Владата на РМ. До Владата е доставено барање на протестите.Конкретно исклучените бараат:

(1) да престанат судењата и

(2) извршувањата на пресудите, кои се вршат против исклучените од Топлификација врз основ на подзаконските акти донесени од страна на Регулаторната комисија за енергетика.

Со ова барање исклучените од Топлификацијата, бараат Владата на Република Македонија да преземе мерки со кои ќе се обезбеди извршувањето на сите закони и други прописи донесени од Собранието, бидејќи ваквите одредби се суштествено спротивни на Уставот и законите.

Овие протести се одржуваат и ќе се одржуваат секоја сабота со почеток во 12 часот и ќе траат се до целосно исполнување  на ова барање.

Препорачуваме

Партнери на Правдико