Најава за нови измени во Законот за катастар на недвижности | Правдико

Правдико

   

Најава за нови измени во Законот за катастар на недвижности

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ktПредлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижности содржи 14 члена и се очекува да се надминат несаканите штетни последици од незапишувањето на гаранциите со хипотеки на недвижен имот и на привремените мерки за обезбедување и одземање на недвижен имот донесени во кривичните постапки заради недоставен доказ за платен надоместок, како и зајакнување на правната сигурност во запишаните права на недвижностите во катастарот на недвижностите.

Се очекува исто така да се поедностави и осигура доставувањето на пријавите за запишување, кон кои покрај правен основ се прилага и геодетски елаборат, кои ќе се доставуваат од страна на самите изготвувачи на геодетските елаборати. Со предложените измени ќе се зголеми ефективноста, ефикасноста и точноста при востановување на катастарот на инфраструктурни објекти и при одржувањето на катастарот на недвижности.

Целта на Законот е да се овозможи судските одлуки со кои се одлучува за гаранциите со хипотеки на недвижен имот и врз основа на судските одлуки за привремено обезбедување и одземање на недвижен имот, кои судски одлуки се донесени во кривичните постапки пред надлежните судови да се запишуват во катастарот на недвижности без плаќање на надоместок.

Препорачуваме

Партнери на Правдико