Најбогатите адвокати во светот | Правдико

Правдико

   

Најбогатите адвокати во светот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Имињата на следната листа не се наоѓаат на листата на најбогати луѓе во светот, но тие се најбогати во својата област – правото. Ова се најбогатите адвокати во светот.

10. Хауард К. Стерн – 500.000 долари

10

Со нето средства во вредност од 500.000 долари, Стерн се наоѓа на 10-то место на листата. Тој е поранешен партнер на починатата Ана Никол Смит. Тој бил роден во Лос Анџелес. Дипломирал на Универзитетот во Калифорнија.

9. Стејси Гарднер – 1 милион долари

Таа е позната по својата кариера во модата, но се смета и за една од најбогатите адвокати во светот. Родена е во Беверли Хилс. Дипломата од областа на правото ја добила во Јужнозападниот правен факултет.

8. Вики Зиглер – 2,5 милиони долари

8

Таа е ТВ-личност, писател и адвокат. Дипломирала на Универзитетот во Роуд Ајленд, а дипломата од правото ја добила на Правниот факултет „Quinnipiac“ во Конектикат.

7. Хосе Баез – 5 милиони долари

7

Тој бил роден во Њујорк, но пораснал во Флорида. Пред да дипломира го напуштил факултетот бидејќи неговата девојка била бремена. Тој го завршил факултетот, но и’ се придружил на Американската морнарница во 1980-те. Дипломата од правото ја добил дури во 1997 година од Правниот универзитет „Сент Томас“.

6. Ана Квинсос – 8 милиони долари

6

Покрај адвокат, таа е и готвач и ѕвезда во реално шоу. Пораснала во Мајами, кадешто готвела и ја објавила првата книга со рецепти, а потоа следувале уште успешни дела.

5. Вернон Џордан – 12 милиони долари

5

Тој е активист за човекови права, а во исто време и адвокат. Роден бил во Џорџија. Во 1957 година дипломирал на универзитетот „De Pauw“, а подоцна ја добил дипломата од Правниот универзитет „Howard“.

4. Џоул Сегал – 40 милиони долари

4

Својата диплома во правото ја добил на Правниот факултет „Hofstra“. Тој работел како менаџер и претседател во областа на спортот и сега е претседател на фудбалска организација.

3. Џон Бранка – 50 милиони долари

2

Роден бил во Њујорк, но се преселил во Калифорнија на 11-годишна возраст. Тој бил член на музички бенд за време на тинејџерските години и запишал музика на факултет. Своите правни студии ги завршил на Универзитетот во Калифорнија.

2. Вили И. Гери – 100 милиони долари

Тој е мотивационен говорник, бизнисмен и адвокат. Дипломирал на Универзитетот „Shaw“, каде добил диплома во бизнис администрација. Потоа дипломирал во областа на правото на Централниот универзитет во Северна Каролина.

1. Вичаи Тонгтан – 1,1 милијарда долари

1

Познат е како бизнисмен, но пред да влезе во оваа индустрија работел како адвокат. Тој претставувал многу моќни клиенти, како премиерот на Тајланд.

Препорачуваме

Партнери на Правдико