Најчудните закони низ светот
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Кога патувате некаде, можеби е побитно да ги проверите законите кои важат во таа земја, наместо да се интересирате за некои небитни детали, бидејќи некои држави имаат навистина луди закони. Следуваат десет невообичаени закони на кои може да наидете низ светот.
1. На плоштадот „Свети Марко“ во Венеција законски е забрането хранењето на гулабите. Законот бил донесен во 2008 година.
2. Во Германија секогаш мора да имате бензин во автомобилот. Во државата е забрането да застанете на брзите автопати кои се користат од страна на повеќето Германци.
3. Во Шпанија не смеете да возите додека носите влечки. Освен тоа, не е легално да се вози со намирници на задното седиште на кабриолет.
4. Се чини дека Шпанија е полна со чудни закони, но некои од нив се и умен потег од властите. Во Барселона, на пример, забрането е плукањето во јавност.
5. На некои археолошки места во Грција, како Акропол, забрането е носењето високи потпетици. Овие чевли ги оштетувале старите градби, па властите ги забраниле во 2008 година.
6. Скандинавците делат еден невообичаен закон со нас. И тие не смеат да возат автомобил во текот на денот без уклучени светла. Оправдувањето на Скандинавците гласи: Денот е краток во текот на долгите северни зими.
7. Во Сингапур се забранети гумите за џвакање. Владата ги забранила во 1992 поради залепените остатоци низ градот. Дозволено е само џвакање на медицинска терапевтска гума.
8. Во Обединетите Арапски Емирати законски е забрането јадењето за време на Рамазан. Муслиманите постат на тој начин што не јадат и не пијат помеѓу изгрејсонцето и зајдисонцето во период од еден месец. Нерелигиозните државјани мора да живеат според истите правила, исто така. Истото се однесува и на Саудиска Арабија, каде странците може да останат без виза поради прекршок.
9. Во Тајланд не смее да се прегазат пари. Тајландскиот бат ја носи сликата на кралот на Тајланд. Прегазувањето на монетата или банкнотата значи навредување на кралското семејство.
10. Можеби најчудниот закон се наоѓа во Португалија. Се работи за законот со кој се забранува мокрење во океанот. Не се знае дали некој бил казнет за прекршување на истиот.
Автор: Драгана Петрушевска
–ПРАВДИКО–