НАЈДОЛГИТЕ ЗАТВОРСКИ КАЗНИ ВО СВЕТОТ: Жена осудена на неверојатни 140.000 години затвор
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во неколку земји во светот најсуровите злосторници се осудуваат на затворска казна подолга од илјада години, бидејќи тоа е сигурен начин дека тие луѓе никогаш нема да излезат на слобода. Се разбира, станува збор за казни изречени по, правнички кажано, англосаксонскиот правен систем, каде што затворската казна не се врзува со должината на човечкиот живот и може да биде со поголемо времетраење од него.
Таков пример е Чамој Типисо од Тајланд, која била осудена на затворска казна од 141.078 години поради тоа што била вклучена во синџир на измамници што олесниле 16.231 лице за околу два милиони долари. За среќа на жртвите, меѓу измамените имало и членови на кралското семејство, па случајот бил решен за многу брзо време.
Втор на листата затвореници со најдолго „затворско искуство“ е терористот Отоман ел-Гнаоуи од Шпанија, кој бил осуден на 42.924 години затвор. Тој учествувал во нападот на железничката станица во Мадрид во 2004 година, во кој беа убиени 191 лице.
Следен на листата е педофилот Чарлс Скот Робинсон од Америка, кој бил осуден на затворска казна од триесет илјади години.
Дарон Баналфорд Андерсон, пак, е осуден на 11.250 години затвор поради ограбување, киднапирање и силување постари жени. Тој се жалел на казната од 2.200 години, па судот му одобрил ново судење и го осудил на 11.250 години.
Исто така, Дадли Вејн Кајзер од Америка бил осуден на десет илјади години затвор поради тоа што на Ноќта на вештерките во 1976 година ја убил својата сопруга, која го напуштила. Најпрво бил осуден бил на смрт, но потоа добил десет илјади години затвор. Денес тој има 74 години, а барањето за пуштање на условна казна му било одбиено минатиот месец.
Алберт Вудфокс од Америка, пак, бил осуден на 43 години во самица. Тој од затворот во Луизијана излегол во февруари, откако во самица минал 43 години обидувајќи се да ја докаже својата невиност. Како што пишуваат медиумите, само еден час дневно можел да ја напушти својата ќелија, која била помала од три квадратни метри. Но и кога бил во дворот, целиот бил врзан со синџири. Осуден бил за убиство на затворски чувар во 1972 година, а неговите пријатели тврделе дека бил осуден во знак на одмазда, бидејќи предводел штрајк со глад поради нехуманите услови во затворот.
За своето патење во самицата на еден блогер му раскажал: „Се плашам дека ќе останам во оваа положба до крајот на животот. Се плашам дека самиот ќе се повредам и дека ќе си ги пресечам тестисите и ќе ги фрлам преку решетките за да видат дека не можам да издржам“.
Пол Гидеј Џуниор бил осуден на 68 години и 245 дена, а тоа е најдолгото време што некој успеал да го помине во затвор пред да биде ослободен. Во 1911 година, Гидеј убил 17-годишно момче што работело во хотел. Во еден момент влегол во собата на гостинот Вилијам Џексон, кој тогаш спиел. Меѓутоа, богатиот 73-годишен Џексон се разбудил, па следувала борба во која Гидел случајно го задушил со крпа натопена во хлороформ. Условна слобода му била одобрена во 1974 година, но поради страв дека нема да се приспособи на надворешниот свет, одлучил да остане во затвор до крајот на казната. Сепак, излегол по шест години, а седум години живеел слободен и починал во дом за стари лица.
Извор: Нова Македонија