Најголема кражба во историјата: Хакери украле скоро милјарда долари
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Околу 100 банки и финансиски институции биле мета на сајбер криминалци во кои се украдени скоро милјарда долари, се наведува во извештајот на компанијата за безбедност на интернетот “Касперски”.
Во извештајот се наведува дека нападите започнале во 2013 година и дека сеуште траат. Оваа сајбер банда има членови во Русија, Украина и Кина. Касперски наведува дека соработува во истрагата која се води од страна на Интерпол и Европол.
Нападите се извршени во 30 земји, вклучувајќи финансиски компании во Русија, САД, Германија, Кина, Украина и Канада.
– Овие напади укажуваат на тоа дека криминалците ги искористуваат сите можни слабости во било кој систем – изјавил Санџај Вирмани, директор на Центарот за дигитален криминал на Интерпол.
Наводите на “Касперски” дека криминалците во овој случај преминаа во нова фаза, со оглед на тоа дека парите ги земаат директно од банките, избегнувајќи ги кражбите од клиентите поединечно. Бандата која “Касперски” ја нарече “Карбанк” користела вируси за да навлезат во мрежите на фирмите преку инфицирани софтвери. Тоа им овозможувало пристап до видео системите за надзор и снимање на се што се прикажува на компјутерските екрани на службениците во финансиските компании.
Криминалците во некои случаеви биле во можност да префрлаат пари на своја сметка, па дури и да го програмираат банкоматот во одредено време да исплатува пари.
“Касперски” наведува дека за една банка им било потребно од два до четири месеци и дека секој пат се крадени и до десет милиони долари.