„Најк“ го доби правниот спор против производителот на „сатанските патики“ со капки човечка крв | Правдико

Правдико

   

„Најк“ го доби правниот спор против производителот на „сатанските патики“ со капки човечка крв

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Компанијата „Најк“ го доби судскиот спор против уметничкиот колектив MSCHF, кој ги произведе т.н. „сатански патики“.

„Најк“ поднесе тужба против уметничкиот колектив за кршење на правото на трговска марка, со намера да ја запре продажбата и можноста во јавноста да се создаде лажна слика за поврзаност меѓу двете страни.

Адвокатите на MSCHF велат дека не станува збор за типични патики, туку за уметничко дело, но сепак Сојузниот суд застана на страната на „Најк“, пренесува Би-би-си.

Всушност, станува збор за патики кои се базираат на моделот „ер макс 97“ од „Најк“, но се „надградени“ со етикета од крст свртен наопаку, пентаграм, а во ѓоновите имаат црвена течност во која е додадена и по една капка човечка крв. На патиките има и натпис „Лука 10:18“ што е пасус од Библијата во кој се вели: „Го видов Сатаната како паѓа од небото како молња“.

Произведени се 666 пара вакви патики, а беа поставени на продажба по цена од 1.018 долари. Тие се дизајнирани во соработка со раперот Лил Нас Х.

Колективот MSCHF пред две години креираше и друг модел на патики што се базираа на „ер макс 97“ познати како „Исусови патики“. За разлика од „сатанските“ тие беа бел модел, а во ѓоновите имаа мала количина на осветена вода од реката Јордан.

Како што пренесува списанието „Инпут“, ова биле најпребаруваните патики на „Гугл“ за 2019 година, кои за „Најк“ донеле добар имиџ во јавноста или барем огромно внимание, и покрај нултата вклученост од компанијата.

Но, во тој случај, како што информираат од „Инпут“, ниту „Најк“, ниту Ватикан не презеле правни мерки против MSCHF, ниту пак ја осудиле изработката на патиките.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико