Најмалку 25 убиени во експлозија во суд во Дамаск | Правдико

Правдико

   

Најмалку 25 убиени во експлозија во суд во Дамаск

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Најмалку 25 цивили се убиени а уште десетици се ранети, од кои повеќемина се во критична состојба, во самоубиствен бомбашки напад изведен во старата зграда на Палатата на правдата во квартот ал-Хамидија, во историскиот стар дел на сириската престолнина Дамаск.

Според репортерот на сириската службена новинска агенција SANA, бомбашот самоубиец се разнел во Палатата на правдата која е во близина на посетуван пазар. Полициските службеници се обиделе да го спречат сомнителниот но тој успеал да пробие и да го активира експлозивот прицврстен на неговото тело.

Медиумите јавуваат дека точната бројка на жртвите и настраданите уште не може да е дознае, но еден извор од штабот на полицијата на Дамаск за SANA рекол дека се проценува оти станува збор за најмалку 25 убиени и оти се стравува дека бројот на жртвите ќе се зголеми.

Репортер на новинската агенција AFP, забележал амбулантни коли и противпожарни возила паркирани пред зградата..

На 11-ти март во сириската престолнина беше извршен еден од најголемите терористички напади, кога двојниот напад изведен во Стариот град на Дамаск убиени кај гробиштата Баб ас-Сагир беа убиени 70 шиитски аџии.

Нападот од средата се случува на шестата годишнина од почетокот на бунтот против претседателот Башар ал-Асад. Она што започна како бунт Арапска пролет за смена на алавитот (шиит) Асад прерасна во брутална конфесионална војна која ги вовлече регионалните и светските сили. Според активистите и ОН досега повеќе од 320.000 луѓе се убиени, а 11 милиони се раселени.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико