Најмалку 25 загинати во бразилски затвор
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Најмалку 25 затвореници загинаа минатата недела во судирите меѓу противничките фракции во бразилски затвор на северот на земјата, објавија официјални извори.
Полицијата морала да интервенира за да го заврши судирот, а затворениците држеле како заложници стотина родители што во тоа време отишле во посета.
Како што пишуваат бразилските медиуми, полицијата при интервенцијата успеала да ги ослободи заложниците, но ситуацијата излегла од контрола кога затворениците од едното затворско крило упаднале во друго, а биле вооружени со ножеви.
Извор: Нова Македонија