Најмалку 50 убиени во бунт во бразилски затвор
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Најмалку 50 луѓе смртно страдаа во крвав затворски бунт во градот Манаус, соопштија бразилските власти.
Според истите извори, билансот на загинатите би можел да биде уште поголем откако ќе бидат добиени информациите за размерот на бунтот што започна во затворот во недела навечер, а бил поттикнат од конфликт меѓу две противнички групи кои се занимаваат со продажба на дрога.
Заради пренатрупаност во бразилските затвори често доаѓа до бунтови кои по правило завршуваат со убиства.
Извор: Макфакс