Правдико

   

Најмногу претставки до заменикот омбудсман биле поднесени за правосудството

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Над 1.000 граѓани лани биле побарале правен совет во канцеларијата на заменикот народен правобранител, а 160 од нив поднеле претставки.

„Претставките се поднесени против одолговлекување на постапката пред управниот суд, пред извршители, нотари и пред другите редовни судови во Македонија. Понатаму на второ место е бројот на поднесени претставки за потрошувачки права, финансии и царина, социјална сигурност и имотно правни односи. За имотно-правните односи се однесуваат на постапките за одземање на корисничкото право од страна на агенцијата за катастар на недвижности“, информираше заменикот народен правобранител Славчо Тимов.

Тој вели дека окоу 95 проценти од поднесените претставки се успешно решени во корист на граѓаните, а по останатите постапката се уште тече. Според него, најмногу претставки се поднесени од граѓани од Струмица, потоа од Гевгелија, а по нив се од Радовиш, Берово и Пехчево.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико