Најскап случај во историјата на Хашкиот суд: Судењето на Ратко Младиќ досега чини 2 милиони евра | Правдико

Правдико

   

Најскап случај во историјата на Хашкиот суд: Судењето на Ратко Младиќ досега чини 2 милиони евра

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Хашкиот трибунал, Република Српска и Србија досега платиле околу два милиони евра за одбраната на Ратко Младиќ, за посетите на членовите од неговото семејство во притворското одделение во Шевенинген, објави БИРН БиХ. Во оваа сума влегуваат и средствата што Србија и Република Српска му ги исплатиле лично на Младиќ.

Експертите го нарекуваат предметот на Младиќ најтежок, но воедно и најскап во историјата на работата на судот во Хаг.

Адвокатите на Младиќ: Бранко Лукиќ, Миодраг Стојановиќ и Драган Иветиќ, како и осум помошници, до завршувањето на доказната постапка го чинеле Трибуналот околу 1.945.500 евра.

Тројцата адвокати од Трибуналот добиле по десет авионски билети годишно, што изнесува околу 37.500 евра, за да пристигнат во Хаг на судењата.

Србија, исто така, му помагала на Младиќ, така што нему лично во изминатите четири години и неколку месеци му исплатила 11.400 евра, додека посетите на неговото семејство, што вклучува авионски превоз и патни трошоци, чинеле 41.800 евра.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико