Највисока основица за пресметка и уплата на придонеси согласно измените во законот за придонеси од задолжително социјално осигурување | Правдико

Правдико

   

Највисока основица за пресметка и уплата на придонеси согласно измените во законот за придонеси од задолжително социјално осигурување

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

g_ujp-nova1Највисока месечна основица за пресметка на придонесите од месец март 2015 година

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување кој е во сила од 25.03.2015 година, а се применува почнувајќи со пресметките за месец март 2015 година, највисока основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување е:

  • Износот од дванаесет просечни плати за пресметување и уплата на придонесите за примањата од работен однос;
  • Износот од дванаесет просечни плати за плаќање на придонеси за примањата по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа;
  • Износот од осум просечни плати за пресметување и уплата на придонесите за самовработено лице.

За МПИН пресметките кои се однесуваат на периоди заклучно со декември 2014 година (задоцнето поднесени пресметки, исправки на пресметки, исплата по основ на деловна успешност и слично), придонесите од задолжително социјално осигурување се пресметуваат со применување на највисоката основица за пресметка на придонеси согласно законот, додека за пресметка и уплата на придонесите за месец јануари и февруари 2015 година не се применува највисоката основица за придонесите.

При поднесување на МПИН пресметките за тековни и за минати периоди секогаш користете ја последната верзија на клиентскиот софтвер (МИПД) од 02.04.2015 година (кликни тука), која го содржи новиот параметар.

Бруто плата 2015 – најниска и највисока основица за пресметување на придонеси

Просечната плата по работник во Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2015 година изнесува 31.644 денари.

Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување согласно член 15 и 16 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.

За пресметките за плата кои се однесуваат за месец Јануари и Февруари 2015 година не се применува највисока основица за пресметка на придонеси, додека за пресметките од месец март 2015 година, највисоката основица е следната:

  • За пресметување и уплата на придонесите за примањата од работен однос изнесува 379.728 денари (12 x 31.644);
  • За плаќање на придонеси за примањата по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа, остварени во тековниот месец изнесува 379.728 денари (12 x 31.644);
  • За пресметување и уплата на придонесите за самовработено лице изнесува 253.152 денари (8 x 31.644);
  • Најниската основица за пресметка на придонесите за 2015 година изнесува 15.822,00 денари (50% од 31.644).

Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер (МПИН) од 02.04.2015 година (кликни тука), која го содржи новиот параметар.

Screenshot_7

НАПОМЕНА: Сите обврзници кои до овој момент имаат поднесено и исплатено конечни пресметки за Јануари 2015 година, а исплатуваат плати под најниската основица или над највисоката основица за пресметка на социјалните придонеси, треба да поднесат исправки (103) на истите, со утврдениот износ на просечната плата.

Препорачуваме

Партнери на Правдико