Налог за апсење на 70 воени офицери во Турција | Правдико

Правдико

   

Налог за апсење на 70 воени офицери во Турција

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Турското обвинителство нареди апсење на 70 активни воени офицери поради наводните врски со имамот Фетулах Ѓулен, објави „Си-ен-ен Турк“. Анкара го смета Ѓулен за главен организатор на неуспешниот воен удар во 2016 година.

 

Полицијата спроведува синхронизирани операции во 38 провинции низ цела Турција, како дел од истрагата што ја води државното обвинителство во централната турска провинција Коња.

Офицерите се осомничени врз основа на изјави од други војници кои претходно беа уапсени за врски со Ѓулен, кој живее во егзил во САД.

Канцеларијата за човекови права на ОН на почетокот од месецов објави дека 160.000 лица се притворени во Турција и дека речиси ист број  вработени во јавните служби биле отпуштени од работа, по неуспешниот државен удар во јули 2016 година.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико