Намалени казните на обвинетите во случајот со исчезнатите артефакти од Музеј на Македонија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Апелациониот суд Скопје постапувајќи по жалба на обвинетите во предметот наОсновниот суд Скопје 1 – Скопје со К.бр 2164/14 од 20.03.2015 година, а поврзано со институцијата Музеј на Македонија, до нашиот суд достави пресуда со КЖ 1039/15 со која делумно ги уважи жалбите и ја потврди првостепената пресуда, ја преиначи во однос на казните, а ја укина во однос на точка 2 од изреката.
Советот на Апелациониот суд по поднесените жалби од страна на обвинетите и нивните бранители одржал јавна седница на 18.01.2016 година по што донел преусда со која на обвинетите :
З.В. кој со првостепената пресуда е осуден на единствена казна затвор во траење од 6 години и 8 месеци за две кривични дела, Апелациониот суд ја преиначува казната и за кривичното дело Несовесно работење во службата по член 353 – в ст.4 в.в со ст.3 и ст. 1 од КЗ опишано во точка 1 од изреката на првостепената пресуда – Се осудува на казна затвор во траење од 2 години и 6 месеци во која казна му се засметува времето минато во притвор од 27.02.2014 година до правосилност на пресуда.
С.К.С. кој со првостепената пресуда е осудена на казна затвор во траење од 3 години, Апелациониот суд ја преиначува казната и за кривичното дело Несовесно работење во службата по член 353 – в ст.4 в.в со ст.3 и ст. 1 од КЗ опишано во точка 1 од изреката на првостепената пресуда – Се осудува на казна затвор во траење од 2 години и 6 месеци во која казна и се засметува времето минато во притвор од 27.02.2014 година до правосилност на решението на Кривичниот суд од 20.03.2015 година.
П.Ј. кој со првостепената пресуда е осуден на единствена казна затвор во траење од 8 години и 8 месеци за две кривични дела, Апелациониот суд ја преиначува казната и за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 ст.4 в.в со ст.1 в.в со член 22 и 45 од КЗ, опишано во точка 3 од изреката на првостепената пресуда Се осудува на казна затвор од 2 години и 3 месеци во која казна му се засметува времето минато во притвор од 27.02.2014 година до правосилност на пресуда.
Ч.К. кој со првостепената пресуда е осуден на единствена казна затвор во траење од 7 години и 8 месеци за две кривични дела, Апелациониот суд ја преиначува казната и за кривичното дело Прикривање од член 261 ст.3 в.в со ст.1 од КЗ, опишано во точка 4 од изреката на првостепената пресуда – Се осудува на казна затвор во траење од 2 години и 6 месеци во која казна му се засметува времето минато во притвор од 27.02.2014 година до правосилност на пресуда.
Ј.К. кој со првостепената пресуда е осуден на казна затвор во траење од 3 години Апелациониот суд ја преиначува казната и за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 ст.4 в.в со ст.1 в.в со член 22 и 45 од КЗ, опишано во точка 3 од изреката на првостепената пресуда, Се осудува на казна затвор од 9 месеци во која казна му се засметува времето минато во притвор од 27.02.2014 година до правосилност на решението на Кривичниот суд од 27.10.2014 година, односно до 03.11.2014 година.
Д.К. кој со првостепената пресуда е осуден на казна затвор во траење од 1 години, Апелациониот суд ја преиначува казната и за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 ст.4 в.в со ст.1 в.в со член 22 и 45 од КЗ, опишано во точка 3 од изреката на првостепената пресуда – Се осудува на казна затвор од 9 месеци во која казна му се засметува времето минато во притвор од 27.02.2014 година до правосилност на решението на Кривичниот суд од 27.10.2014 година, односно до 03.11.2014 година.
А.Е. кој со првостепената пресуда е осуден на казна затвор во траење од 1 години, Апелациониот суд ја преиначува казната и за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 ст.4 в.в со ст.1 в.в со член 22 и 45 од КЗ, опишано во точка 3 од изреката на првостепената пресуда – Се осудува на казна затвор од 9 месеци во која казна му се засметува времето минато во притвор од 27.02.2014 година до правосилност на решението на Кривичниот суд од 27.10.2014 година, односно до 03.11.2014 година.
Со одлуката на Апелавиониот суд првостепената пресуда со К.бр. 2164/14 од 20.03.2015 година се укинува во однос на точка 2 од изреката на пресудата со која обвинетите З.В., П.Ј. и Ч.К. со првостепената пресуда беа осудени за кривичното дело Отуѓување на културно наследство од особена значење во државна сопственост од член 266-а од КЗ, и во тој дел предметот се враќа на повторно судење.