Намалување на судската такса за 15% доколку платите електронски - Предлог измени | Правдико

Правдико

   

Намалување на судската такса за 15% доколку платите електронски – Предлог измени

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Со Законот за судските такси е пропишано плаќање на таксите секогаш кога ќе настане таксената обврска односно за поднесоците – кога се предаваат, а за поднесоците предадени на записник – кога записникот е завршен;  за судските одлуки –кога на странката или на нејзиниот застапник ќе му се врачи препис на одлуката;  за судските порамнувања – кога ќе се склучат; во постапката за расправање на оставина – кога предлогот странката го предава во суд; во стечајна постапка- кога се поднесува предлогот за поведување на постапка и за одлуката за главна делба;  за судските преписи – кога ќе се побараат;   за препис на нотарски и други списи кои ги чува судот- кога ќе се побараат; и  за другите дејствија – кога ќе се побара нивно преземање.

Судските такси се плаќаат според Таксената тарифа која е составен дел на  законот.

Брзиот техничко-технолошкиот развој, модернизацијата на  компјутерските и софтверските решенија, како  и  техничката подготвеност на корисниците,  доведоа до потреба за воведување на плаќање на  сите  такси и преку мобилни оператори и преку  интернет.

Од наведените причини, а со цел да се мотивираат физичките лица да го користат електронскиот систем на достава кој воедно е и поекономичен, се предлагаат овие изменувања и дополнувања на законот за судки такси со кој на физичките лица кој доставата на поднесоците ќе ја извршат по електронски пат до судот,  ќе им се намали  висината на таксата за 15%.

Целиот текст на Предлог измените можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико