Наместо во самоизолација, две лица затекнати на скопскиот аеродром со лажни тестови | Правдико

Правдико

   

Наместо во самоизолација, две лица затекнати на скопскиот аеродром со лажни тестови

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Наместо во самоизолација, две лица биле затекнати на скопскиот аеродром.

Како што информираат од полицијата, станува збор за А.Е.(25) и Б.Е.(26), двајцата од Швајцарија, кои поседувале и македонски патни исправи.

„При гранична контрола било констатирано дека се наоѓаат во системот за задолжителна самоизолација и поседувале невалидни негативни ПЦР-тестови“, соопшти МВР.

Двајцата биле предадени за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико