Напад на полициски службеници во Охрид | Правдико

Правдико

   

Напад на полициски службеници во Охрид

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

policija-2Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“, СВР Охрид против Р.А.(22) и Е.К.(19) двајцата од Скопје, поднесе кривична пријава.

Пријавените, казненото дело го извршиле на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Настанот се случил во момент кога полициски службеници вршејќи контролата на сообраќајот прописно сопреле патничко моторно возило марка „Форд Ескорт“ со скопски регистарски таблици и од возачот Р.А. побарале возачки документи.

Во следниот момент, двајцата пријавени вербално и агресивно реагирале и од полициските службеници на висок тон побарале да не им се доближуваат, по што им упатиле закани за убиство. Револтиран што полицискиот службеник продолжил со службените активности, пријавениот Р.А. се обидел физички да го нападне кинејќи му делови од униформата. При обид да влезе во неговото патничко возило, со нога го повредил другиот полициски службеник. Нападот врз полициските службеници во кој се вклучил и второпријавениот Е.К.- сопатник во возилото, бил одбиен а двајцата, по консултација со јавен обвинител се приведени во СВР Охрид.

Партнери на Правдико