Напад по пресретнување од непознато возило
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Момче од Скопје (19) пријавило напад од непознати лица, кои претходно го следеле неговото возило „Форд Ескорд“ со скопски регистарски таблички.
Инцидентот се случил во близина на ТЦ-Сити Мол, кога напаѓачите со своето возило од истата марка „Форд Ескорд“, но со тетовски регистарски таблички, го блокирале патот на возилото на Д.Б. Тие претходно го следеле, давајќи му светлосни сигнали за да застане.
Едниот од напаѓачите, држејќи нож во раката, се обидел да ја отвори возачката врата, додека пак друго лице, држејќи дрвена палка, се обидел да ги отвори останатите врати од возилото на пријавувачот.
Во еден момент Д.Б. успеал да избега со возилото, во кое со него била Н.Н. (18).
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Извор: Нова Македонија