Нападнати двајца полициски службеници во Гостивар | Правдико

Правдико

   

Нападнати двајца полициски службеници во Гостивар

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На 27.06.2018 година во 12,50 часот во Гостивар на улицата „Мара Угриноска“ Д.К. (33) од Гостивар при обид да биде приведен од страна на двајца полициски службеници, почнал да дава активен отпор и со тупаница го удрил едниот полициски службеник во пределот на носот, нанесувајќи му фрактура со крварење, а со повреда во пределот на десната потколеница и десната дланка се здобил и другиот полициски службеник.

По кратко време Д.К. бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка. По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

Партнери на Правдико