Нападнати полицајци на натпреварот МЗТ – „Работнички“ | Правдико

Правдико

   

Нападнати полицајци на натпреварот МЗТ – „Работнички“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Двајца навивачи нападнале полицајци и вработен во агенцијата за обезбедување на влезот на салата „Јане Сандански“ за време на кошаркарскиот натпревар МЗТ – „Работнички“.

„Вчера околу 17.45 часот во Скопје во спортскиот центар ‘Јане Сандански’, на влезот од салата, за време на кошаркарскиот натпревар помеѓу екипите на кошаркарските клубови ‘МЗТ – Скопје’ и ‘Работнички’, Ј.Б. (24) и А.Д. (33), двајцата од Скопје, физички го нападнале С.Н., вработен во агенција за обезбедување, кој вршел службени дејства обезбедување на натпреварот, при што му нанеле телесни повреди“, соопшти МВР.

При интервенција на полициски службеници биле нападнати и двајцата полицајци по што напаѓачите се приведени во полициска станица. По целосното расчистување и документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико