Напаѓач со нож прободел полицаец во парк во Брисел | Правдико

Правдико

   

Напаѓач со нож прободел полицаец во парк во Брисел

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Белгиската полиција застрела и повредила еден човек откако тој со нож нападнал еден од нивните полицајци во северните предградија на Брисел, пренесува „Спутник“ цитирајќи ја портпаролката на бриселската полиција.

„Инцидентот се случи во паркот „Максимилиен“ каде што еден полицаец беше полесно ранет откако еден човек го нападна со нож. Неговите колеги употребиле палки и солзавец за да го неутрализираат напаѓачот кој продолжли да се заканува, па полицаецот морал да го употреби своето оружје. Тој исто така беше повреде “, информираше портпаролката на полицијата во Брисел, Илзе бан де Кир.

Осомничениот, чиј идентитет останува непознат, бил застрелан во градите и ногата и сега е хоспитализиран и е во тешка состојба. Обвинителството не ги открива точните околности на инцидентот.

Парк Максимилијан е познат како сврталиште на бездомните мигранти кои таму редовно се собираат во импровизиран камп додека ја чекаат можноста да стигнат до Велика Британија.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико