Правдико

   

Напаѓачите добиваа насоки од команден штаб, сведочеше пратеникот Ферид Мухиќ за 27 април

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На продолжението на судењето за настаните од 27 април, судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот, рече дека претседателот на судот, Иван Џолев, донел решение со кое го одбива барањето на адвокатот на Јохан Тарчуловски за нејзино изземање бидејќи, како што соопшти, никој од поканетите на рочиштето не се сослушува во својство на оштетен, туку само како сведок.

Пратеникот Ферид Мухиќ во сведочењето рече дека имал блиска средба со еден од напаѓачите во Собранието на 27 април 2017 година. „Го фрли тркалото од ногалката од металното столче, јас се наведнав и тркалото се распадна во ѕидот“, сведочеше Мухиќ. Пратеникот рече дека напаѓачот бил неверојатно силен и прецизен како атлета и го гледал со омраза иако почувствувал дека нема ништо лично против него.

„Добив впечаток дека станува збор за команден штаб, бидејќи разговараа хиерархиски со наредби“, се присети Мухиќ. Според него, присутните прашувале што станало со Зијадин Села и откако добиле одговор дека е готов, некој прашал: „Што е со останатите?“

Сведокот Мухиќ рече дека еден од гласовите извикал: „Излези, доаѓаат Шиптарите. Ако треба да им дадеме оружје на луѓето“.

По него во судот на предлог на Обвинителството треба да сведочат градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, и новинарката Душица Мрѓа.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико