Правдико

   

Напаѓачот од Нов Зеланд сам ќе се брани пред судот

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Терористот кој во петокот во новозеландскиот град Крајстчрч нападна две џамии и уби 50 луѓе, а рани над 40, планира самиот да се застапува пред судот, а неговата одлука му ја соопштил на адвокатот кој му беше назначен по службена должност, Ричард Питерс.

Питерс  разговарал со 28-годишниот Брентон Терант во петокот навечер додека бил во притвор и во саботата наутро во судот, а според кажувањата на адвокатот, Терант во текот на тие разговори бил смирен и артикулиран, пренесоа новозеландските медиуми.

Следното рочиште е закажано за 5 април, до кога напаѓачот ќе биде во притвор, а полицијата соопшти дека тој е одвоен од другите затвореници, односно се чува во специјално обезбеден објект, каде што е под надзор 24 часа.

Се претпоставува дека по појавувањето пред судија во саботата, тој е префрлен во градот Оукленд.

Адвокатот Питерс рекол дека Терант е луциден и ја разбира ситуацијата во која се наоѓа, објави агенцијата „Ројтерс“.

Покрај обвиненијата за убиства, полицијата соопшти дека најверојатно против него ќе бидат поднесени и други обвиненија.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико