Напредна обука на тема притвор | Правдико

Правдико

   

Напредна обука на тема притвор

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

logo (1)Со задоволство Ве известуваме дека продолжуваме со организација на специјализирани, односно напредни обуки наменети за адвокатите коишто успешно ги завршија базичните обуки за адвокати за новиот Закон за кривична постапка, заеднички организирани од страна на Адвокатската комора на Република Македонија и Американската адвокатска комора. Имено, АКРМ и АБА ја продолжуваат својата соработка, односно ќе продолжат заеднички да организираат обуки за адвокати за новиот Закон за кривична постапка, вклучувајќи и напредни обуки, со цел колку што е можно поголем број на адвокати да бидат опфатени со обуките и подобро да се подготват за примената на новиот Закон за кривична постапка.

Имено, се работи за еднодневна специјализирана обука од кривичната област на тема “Притвор” и истата е отворена за сите заинтересирани адвокати кои веќе успешно ги комплетираа основните обуки за новиот ЗКП. Обуката е бесплатна, а на крајот на обуката ќе бидат доделени соодветни сертификати.

Терминот во кој ќе се одржува напредната обука на тема Притвор е 29.10.2014 (среда) во Скопје.

Обуката ќе се одвива од 10.00-17.00 часот. Локацијата на одржување на обуката е Клуб на новинари (зад Соборниот храм Св. Климент Охридски). Трошоците за патување и сместување нема да бидат покриени.

Заинтересираните адвокати за горенаведената обука своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: ristik@abaroli.mk

Рокот за регистрација е до 24 октомври 2014 година. Ве молиме при регистрацијата да ги наведете Вашите контакт податоци (име и презиме, адреса, телефон, е-маил адреса) и обуката за која се пријавувате. Оние адвокати кои ќе се пријават ќе добијат писмена потврда по електронски пат, заедно со сите потребни информации во врска со обуката. Како и до сега, учесниците ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен.

Извор: Адвокатска комора на РМ

Препорачуваме

Партнери на Правдико