Напредна обука за новиот ЗКП – истражна постапка
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Академијата за судии и јавни обвинители во соработка и со финанска поддршка на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје и ОПДАТ Програмата при Амбасадата на САД во Република Македонија, продолжува со реализација на специјализирани обуки за новиот Закон за кривична постапка. Напредната обука се однесува на модул 2 – Истражна постапка.
Напредната обука за новиот Закон за кривична постапка, Истражна постапка – модул 2, ќе се одржи во периодот од 08 – 10 Октомври 2014 година, во Хотел Континентал – Скопје.
Сите колеги кои се заинтересирани да земат активно учество на оваа обука, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е-маил. lawyermk@mba.org.mk најдоцна до 07 Октомври 2014 година.
Извор: Адвокатска комора на РМ