Напредни обуки по форензика за адвокатите | Правдико

Правдико

   

Напредни обуки по форензика за адвокатите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

imagesСо задоволство Ве известуваме дека продолжуваме со организација на специјализирани, односно напредни обуки наменети за адвокатите коишто успешно ги завршија основните обуки за адвокати за новиот Закон за кривична постапка, заеднички организирани од страна на Адвокатската комора на Република Македонија и Американската адвокатска комора. Имено, се работи за специјализирана обука од областа на форензиката, а имајќи во предвид дека адвокатот треба да се подготви, пред сé, вкрстено да испраша форензички експерти.

Овој тип на обука ќе им овозможи на адвокатите да се стекнат со основно познавање за некои од областите каде што може да биде применето вештачење, особено во однос на анализата на фактите вклучени во вештачењето, терминологијата и начинот на кој сето тоа влијае на кривичната одговорност на обвинетиот, односно да научат како експертот (вештакот) треба правилно да го изврши своето вештачење и како сето тоа да се примени соодветно во пракса.

Обуките се состојат од две сесии, од кои секоја сесија ќе трае околу четири часа. Присуството и на двете сесии е задолжително. На крајот на обуката ќе бидат доделени соодветни сертификати. Обуките се отворени за сите заинтересирани адвокати кои веќе успешно ги комплетираа основните обуки за новиот ЗКП и се бесплатни.

 

Терминот во кој ќе се одржи следната напредна обука по форензика е следниот:

 10.12.2013 (1 сесија); 11.12.2013 (2 сесија) во Скопје

 

Обуките ќе се одвиваат од 14.30-18.30 часот. Локацијата на одржување на обуките е Клуб на новинари. Трошоците за патување и сместување нема да бидат покриени. Учесниците ќе добијат и соодветен Прирачник, наменет исклучиво за обуките по форензика. Прирачникот ќе им биде пратен на сите учесници по електронски пат, заедно со предвидената програма, а потоа материјалите ќе бидат поделени и на самата обука на сите учесници.

Заинтересираните адвокати за горенаведената обука своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: ristik@abaroli.mk

Рокот за регистрација е до 4 декември 2013 година. Ве молиме при регистрацијата да ги наведете Вашите контакт податоци (име и презиме, адреса, телефон, е-маил адреса) и обуката за која се пријавувате. Оние адвокати кои ќе се пријават ќе добијат писмена потврда по електронски пат, заедно со сите потребни информации во врска со обуката. Како и до сега, учесниците ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен.

Превземено: Адвокатска комора на РМ

Препорачуваме

Партнери на Правдико