Напредни обуки за новиот ЗКП | Правдико

Правдико

   

Напредни обуки за новиот ЗКП

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

logo (1)Предистражни постапки

Академијата за судии и јавни обвинители во соработка и со финанска поддршка на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје и ОПДАТ Програмата при Амбасадата на САД во Република Македонија, продолжува со реализација на специјализирани обуки за новиот Закон за кривична постапка. Напредната обука која се однесува на модул 1 – Предистражни постапки, е наменета за сите адвокати кои веќе ги поминале основните обуки.

Напредната обука за новиот Закон за кривична постапка, Посебни постапки – модул 1, ќе се одржи во периодот од 27 – 29 Октомври 2014 година, во Хотел Континентал – Скопје.

Сите колеги кои се заинтересирани да земат активно учество на оваа обука, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е-маил. lawyermk@mba.org.mk  најдоцна до 24 Октомври 2014 година.

Посебни постапки

Академијата за судии и јавни обвинители во соработка и со финанска поддршка на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје и ОПДАТ Програмата при Амбасадата на САД во Република Македонија, продолжува со реализација на специјализирани обуки за новиот Закон за кривична постапка. Напредната обука која се однесува на модул 4 – Посебни постапки, е наменета за сите адвокати кои веќе ги поминале основните обуки.

Напредната обука за новиот Закон за кривична постапка, Посебни постапки – модул 4, ќе се одржи во периодот од 30 – 31 Октомври 2014 година, во Хотел Холидеј Ин, Скопје.

Сите колеги кои се заинтересирани да земат активно учество на оваа обука, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е-маил. lawyermk@mba.org.mk најдоцна до 26 Октомври 2014 година.

Извор: Адвокатска комора на РМ

Препорачуваме

Партнери на Правдико