Напредок во истрагите на СЈО но сеуште се чекаат бараните материјали од СДСМ
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуиникациите ја известува јавноста дека спроведени се тендерски постапки и во тек е преземањето на градежни активности со цел адаптација на просториите каде ова Јавно обвинителство треба да биде сместено.
Исто така обвинителството известува дека во тек е постапка за добивање на безбедносни сертификати за јавните обвинители, при што на дел од обвинителите веќе им се издадени сертификати за работа со класифицирани информации со степен на класификација „Државна тајна“.
По однос на бараните материјали од СДСМ обвинителството укажува дека очекува материјалите да бидат предадени на обвинителството и сите субјекти да започнат активно да соработуваат со ова Јавно обвинителство. Од обвинителството појаснуваат дека соработката со субјектите до кои се обраќа, без оглед за кого станува збор, е отежната и во оваа насока со конкретен став за ваквата отежната соработка и мерките кои ќе бидат преземени од страна на обвинителството, ќе биде соопштено во средината на јануари.
Сепак и покрај ваквата состојба на отежната соработка, во тек се повеќе предистражни постапки по предметите за кои е воспоставена стварна надлежност и постои известен напредок во истите, но во овој момент не се соопштуваат детали, а сето во интерес на истрагата.
Исто така обвинителството апелира до сите субјекти да се воздржат од етикетирање на ова Јавно обвинителство и негово ставање во функција на реализација на различни политички и други цели, бидејќи најважно во овој момент е спроведување на независни и професионални истраги, во рамки на кои доследно ќе се почитуваат начелата на тајност на предистражната постапка, објективност и легалитет во постапувањето.