Наредена истрага против две лица заради пуштање во промет марихуана и психотропни супстанции | Правдико

Правдико

   

Наредена истрага против две лица заради пуштање во промет марихуана и психотропни супстанции

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Лицата, по претходен договор, во станот во кој престојувале, неовластено заради продажба држеле наркотична дрога и психотропни супстанции. При претрес на домот, на 18.02.2019 година, од страна на овластени службени лица биле пронајдени: 883,76 грама марихуана, хашиш масло во шприц со волумен од 2 мл, амфетамин со вкупна нето маса од 28,47 грама, осум таблети метилен-диоксиметамфетамин (MDMA), како и повеќе други предмети со остатоци од наркотични дроги.

При претресот, на местото на настанот било затекнато уште едно лице, кај кого биле пронајдени 0,37 грама амфетамин кои што му ги продал еден од осомничените.

Надлежниот јавен обвинител до Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор за двете осомничени лица, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека оваа мерка е неопходна за непречено водење на кривичната постапка.

Партнери на Правдико