Правдико

   

Наредено апсење на поранешната прва дама на Филипините поради корупција

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Антикорупцискиот суд на Филипините наредил апсење на поранешната прва дама Имелда Маркос откако ја прогласи за виновна по седум точки од обвинението за корупција од времето на владеењето на нејзиниот сопруг и поранешен диктатор Фердинанд Маркос.

Екстравагантната Маркос (89), позната по колекцијата од 3 000 рала чевли, накит и уметнички дела, се соочува со серија обвиненија за корупција откако нејзиното семејство е симнато од власта во бунтот во 1986 година, поддржан од војската.

Судот нареди Маркос, која е застапничка во парламентот, да отслужи 6 до 11 години затвор за секоја од седумте точки на обвинението. Таа беше обвинета дека префрлила околу 200 милиони долари во Швајцарија за време на нејзиниот мандат како гувернерка на Манила.

Маркос има право да поднесе жалба  против налогот за апсење.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико