Наркотични дроги и казните за нивно неовластено производство и пуштање во промет | Правдико

Правдико

   

Наркотични дроги и казните за нивно неовластено производство и пуштање во промет

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

marijuana-plantation-1Најпрво би направиле мал опис на поимите кои се дефинирани во Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции и тоа:

“Опојна дрога” е секоја супстанција од природно или вештачко потекло која е распоредена во листата на опојни дроги во согласност со меѓународните конвенции за контрола на опојни дроги или врз основа на одлука на надлежен орган.

“Производство” е подготовка, преработка, мешање, пречистување, изработка и секоја друга активност со која се добива или со која се придонесува за добивање на опојна дрога, психотропна супстанција или нивен препарат;

Злоупотреба на опојни дроги или недозволена употреба на опојни дроги” е одгледување на растенија од кои може да се добие опојна дрога, поседување на средства за производство на опојни дроги, производство, промет и поседување на опојни дроги, психотропни супстанции, растенија или делови на растенија од кои може да се добие опојна дрога спротивно на одредбите на овој закон, како и употреба на опојни дроги надвор од терапевтските индикации, во прекумерни дози или во тек на време кое не е опфатено со терапијата;

Овај закон е дециден во делот каде што се забранува одгледување, производство, промет, поседување и употреба на супстанции и растенија  и нивни препарати освен во медицински или научни истражувања или во судско-медицински, наставни или полициски намени како што е утврдено со Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции .

Во кривичното право неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори е класифицирано како кривично дело во членот 215 од Кривичниот законик на Република Македонија. и гласи : ,,Тој што неовластено произведува, преработува, продава или нуди на продажба или заради продажба купува, држи или пренесува или посредува во продажба или купување или на друг начин неовластено пушта во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, ќе се казни со затвор од три до десет години”.

Според ова суштината на ова кривично дело опфаќа два облици и тоа неовластено производство и неовластена трговија.

Во поглед на делот на неовластено производство произлегува дека тоа производство и преработка треба да е наменето за продажба, односно пуштање во промет, а не и за задоволување на сопствените потреби.Од друга страна пак уживањето на наркотични дроги и психотропни супстанции не претставува казнено дело држејки се на криминално-политичкиот став за неинтервенција во случаите на автодеструкција како што е неказнување за самоубиство, самоповредувањето и самоподметнувањето.

Како ублажување Кривичниот законик предвидува доколку делото е сторено со наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од помало количество, сторителот ќе се казни со затвор од шест месеца до три години.

drug-dealer1Во секој случај делото е умислено бидејќи сторителот треба да е свесен дека произведува или преработува без овластување за тоа, супстанции или препарати што се прогласени за наркотични дроги , психотропни супстанции или перкусори, односно дека на кој и да е начин учествува во трговијата со такви предмети.

“Прекурзор” е секоја природна или вештачка супстанција која може да се употреби во производство на опојни дроги и која е распоредена во листата на прекурзори во согласност со меѓународните конвенции за контрола на опојните дроги и/или врз основа на одлука на надлежен орган во Република Македонија;

“Психотропна супстанција” е секоја супстанција од природно или вештачко потекло, која е распоредена во листата на психотропни супстанции во согласност со меѓународните конвенции за контрола на опојните дроги и/или врз основа на одлука на надлежен орган;

Како потежок облик на ова кривично дело се смета  ако делото  го извршиле повеќе лица или сторителот на ова дело организирал мрежа на препродавачи или посредници, со што сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години. Овде е доволно да постојат најмалку две или повеќе лица при што потешко се казнува организаторот на мрежата на препродавачи или посредници.

Друг потежок облик на ова кривично дело претставува кога некој  неовластено прави, набавува, посредува или дава на употреба опрема, материјал или супстанции за кои знае дека се наменети за производство на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори со што казната изнесува  од една до пет години затвор.

Сторителот , со исклучок на организаторот, кој ќе го открие делото или ќе придонесе за неговото откривање, ќе се ослободи од казна.

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико