Народен правобранител: Тортурата не е синоним за минатото
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.По повод одбележувањето на 26 јуни како Меѓународен ден за поддршка на жртвите на тортура, народниот правобранител соопшти дека овој ден има за цел да нè потсети сите нас на обврската за целосно искоренување на тортурата и ефективно имплементирање на Конвенцијата против тортура и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување или казнување затоа што никој не заслужува нехуман третман.
„На овој ден ги повикуваме сите чинители во општеството, вклучително и меѓународните организации, граѓанското општество, но и сите поединци да се обединат за поддршка на стотици илјади луѓе ширум светот, кои биле жртви на тортура и оние кои сè уште подлежат на суров и нехуман третман“, се вели во соопштението на народниот правобранител.
Во оваа пригода Народниот правобранител истакнува и воедно потенцира дека тортурата во ниту еден случај не може да биде оправдана и истовремено потсетува на обврската на властите за преземање мерки за ефикасна истрага и спречување какви било акти на тортура и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување или казнување.
Извор: Макфакс