Народна банка: Во Македонија има од 70.000 до 90.000 работници на црно | Правдико

Правдико

   

Народна банка: Во Македонија има од 70.000 до 90.000 работници на црно

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Бројот на вработени на црно се намалил од 160.000 до 200.000 лица колку што имало во 1998 година на од 70.000 до 90.000 лица во 2013 година, покажува најновото истражување на Народната банка.

9a883b1b-bd2f-402d-94f6-e1036fcf78d9-Construction-Workers

Во него се вели дека реалната стапка на невработеност во земјава сега изнесува од 20 до 22 отсто, што е многу помалку од официјалната бројка на невработеност која изнесува околу 28 отсто.

„Реалната стапка на невработеност растеше во периодот од 2004 до 2008 година и тоа од 10-15 отсто во 2004 на 23-25 отсто во 2008 година. Таа стагнираше од втората половина на 2008 година се до втората половина од 2010 година и почна да паѓа на крајот на 2010 година. Сега се проценува дека таа се движи меѓу 20 и 22 отсто“, се вели во истражувањето.

Извор: еМагазин

Препорачуваме

Партнери на Правдико