Народниот правобранител: Отворена бесплатна телефонска линија за повреда на гласачкото право | Правдико

Правдико

   

Народниот правобранител: Отворена бесплатна телефонска линија за повреда на гласачкото право

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во канцеларијата на народниот правобранител в недела, на денот на одржувањето на референдумот, во периодот од 7 до 19 часот, ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321 ,на која граѓаните ќе може да пријават каква било повреда на гласачкото право на слободно изразување на нивното мислење и став во однос на референдумското прашање.

Отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните права.

Покрај лично во канцелариите, како и на бесплатната линија, граѓаните ќе може за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово 044 344-082, Струмица 034 329 996, Кичево 045 228-586, Битола 047 242-310, Штип 032 389-701 и Куманово 031 431-488

Народниот правобранител во оваа пригода потсетува на исклучителната важност од остварувањето на правото на непосредно изјаснување и смета дека изјаснувањето на граѓаните и нивниот став во однос на ова референдумско прашање е и нивна обврска и активен придонес за иднината на општеството.

Народниот правобранител истовремено ги потсетува и апелира до сите фактори во општеството да не ги попречуваат граѓаните во остварувањето на нивното загарантирано право на излегување и лично изјаснување, а ги охрабрува граѓаните секое евентуално влијание да го пријават.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико