Народниот правобранител загрижен за инволвирање на деца во протести
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Народниот правобранител изрази сериозна загриженост за обидите за инвловирање на децата во протестите организирани во повеќе градови во Република Македонија, се вели во писмената реакција.
Омбудсманот Иџет Мемети најостро ги осудува настапите на раководни лица во училиштата поради што ги повикува Училишните одбори, Градоначалниците, Државниот просветен инспекторат и Министерството за образование и наука веднаш и без одлагање, секој во рамките на своите надлежности да преземе соодветни мерки спрема лицата кои агитираат или дозволуваат во училиштата да се врши агитација и обиди за политичко инволвирање на учениците.
„Ова од причина што ваквите настапи се спротивни на Законот за средното образование со кој е забрането секакво политичко и верско организирање и дејствување и надвор од целите на образованието-училиштата да бидат места каде ќе се врши основната дејност воспитно-образовниот процес“ е наведено во соопштението.
Народниот правобранител во континуитет ги следи ваквите случувања за што веќе води постапки и по сопствена иницијатива и по поднесени претставки на родители, велат од кабинетот на Мемети.
Извор: Радио Слободна Европа