Нарушување на мирот на граѓаните од штетна бучава | Правдико

Правдико

   

Нарушување на мирот на граѓаните од штетна бучава

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Noisy-NeighborsМирот на граѓаните се нарушува со гласно пеење, користење на музички инструменти или уреди, радио и телевизиски апарати и други технички уреди, како и со механички извори на бучава (мотор и слично), во периодот од 15.00 до 18.00 часот и по 23.00 часот до 6.00 часот наутро на места каде постои можност да се вознемируваат граѓаните.

Извор на бучава може да биде и градба, постројка, опрема, инсталација, уред, средство и апарат кој со работа/дејност или употреба предизвикува постојана или повремена бучава, бучна активност  од  луѓе  и  животни,  вклучувајќи  ги  градежните  активности  како  и  други активности од кои се шири и/или врши емисија на звук во средината.

loudnoiseАко  горенаведените дејствија  произведуваат јачина на бучава  која  ги надминува утврдените гранични  вредности  за  нивото  на  основните  индикатори  за бучавата во животната средина, согласно Правилникот за гранични вредности на нивото на бучава во животната средина, се смета дека се нарушува мирот на граѓаните без разлика на пропишаното време .

Не се смета дека е нарушен мирот на граѓаните ако дејствијата  се вршат на вообичаени веселби  (свадба, роденден, веридба, матурска вечер, државни празници) во време и по 23,00 часот.

Исто така мирот  на  граѓаните  се  нарушува  со  користење  на  механички  извори  на  бучава (машини, мотори, циркулари, бор-машини, компресори, метални преси, ткајачки машини и сл.) во времето од 23,00 до 06,00 часот на јавно место, односно на место каде постои можност да се вознемируваат граѓаните, како и  со  користење  на  возила  кои  поради  својата неисправност (изваден  уред  за  одвод  на  согорените  гасови  или  вграден  уред  што произведува бучава) создава невообичаена и подолготрајна бучава на јавно место.

Како штетна бучава со која се нарушува мирот во смисла на оваа одлука се подразбира честа или долготрајна појава на звук чија измерена јачина во dB (A) го преминува дозволеното ниво на бучава.

Мирот на граѓаните од штетна бучава се нарушува кога граничните вредности за основните индикатори за бучавата во животната средина предизвикана од различни извори се повисоки од:

– денот (Lд) во смисла на оваа одлука опфаќа период од 07,00 до 19,00 часот,

– вечерта (Lв) опфаќа период од 19,00 до 23,00 часот,

– а ноќ (Lн) од 23,00 до 07,00 часот.

Како време за попладневен одмор се смета периодот од 15,00 до 18,00 часот.Граничните вредности за основните индикатори за бучавата за овој временски период се исти како и за периодот ноќ (Lн).

Мирот на граѓаните од штетна бучава се нарушува кога граничните вредности за нивото на основните индикатори за бучава внатре во просториите во кои престојуваат луѓето, а особено во кои престојуваат осетливите групи на население, како и заради заштита од несакани ефекти по здравјето, се повисоки од:

 

Мирот  на  граѓаните  од  штетна  бучава  се  нарушува  кога  гранична  вредност  за дополнителниот индикатор, LAmax, кои не треба да бидат надминати со цел да се спречат несакани ефекти по здравјето кај изложената популација е повисока од:

 

Оптеретувањето на подрачјето со бучава поради одржување на јавни приредби , јавни собири или други јавни настани проследени со употреба на звучни и други уреди кои доведуваат до зголемување на бучавата се утврдува со пресметување на еквивалентното ниво на бучава за времетраењето на настанот .

Еквивалентното ниво на бучава не треба да надминува 85dBA (LAeq, T<85 dBA), без оглед на времетраењето на настанот а максималното ниво на бучава не треба да надминува 110 dBA (LAmax < 110 dBA).

Како оптеретување на подрачјето со бучава при јавни приредби , јавни собири , церемонии , фестивали, концерти и други јавни облици на забава со употреба на звучна опрема кои се одвиваат во затворен простор од став 1 на овој член се смета оптеретувањето со бучава во околината кога еквивалентното ниво на бучава за времетраењето на настанот се повисоки од граничните вредности за подрачјето.

Глоби

Кој го нарушува мирот на други со пеење, користење на музички инструменти, радио и телевизиски апарати и други технички уреди, како и со механички извори на врева (мотор и слично), во периодот од  15,00 до  18,00 часот и по  23,00 часот до  6,00 часот наутро, полицијата ќе го спречи и ќе му се изрече глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност.

За прекршокот  на претходнонаведеното на правно лице ќе му се изрече глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност, а на одговорното лице во правното лице ќе му се изрече глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност.

Глоба во износ од  500 до  800 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на трговец поединец кој врши угостителска дејност, ако не преземе мерки да не дојде до извршување на прекршокот .

–ПРАВДИКО–

Поврзани статии:

Предвидени глоби за прекршоци против јавниот ред и мир 

Прекршоци за одржување на јавна чистота

Препорачуваме

Партнери на Правдико