Насер Ештрефи бил пресметлив кога го убил Ангел | Правдико

Правдико

   

Насер Ештрефи бил пресметлив кога го убил Ангел

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На вчерашното рочиште беа распрашани психолог и психијатар кои сведочеа за психичката состојба на обвинетиот.

A815795F3B57B445B59CF772F3B94027

Насер Ештрефи бил пресметлив во моментот кога се случило убиството на матурантот Ангел Петковски и можел да одговора за своите постапки. Оваа констатација произлегува по денешното рочиште на кое во својство на „технички советници“, а по барање на адвокатот на обвинетиот, беа распрашани психологот Слободанка Тодоровска-Љупчевска и психијатарот Весна Дамјановска.

„Обвинетиот е психички здрава и неалтернирана личност. Тој нема изгубено контакт со реалноста“, рече психологот Слободанка Тодоровска-Љупчевска.

Таа додаде дека во вештачењето, кое по барање на Јавното обвинителство, го изработил психијатарот Александар Марцекиќ, не биле користени тестови на личност и на интелигенција, но дека нејзините наоди упатуваат на заклучокот дека Насер Ештрефи бил свесен за своите постапки.

„Кај обвинетиот има афективна реакција! Тој е фатен во кражба, потоа следуваат бркотница, расправија и тепачка и затоа афективната реакција е сосема нормална. Но, за афективната реакција за случајот може да се суди по настанот, а тој реагирал многу рационално“, посведочи психологот и појасни дека таа кај обвинетиот Насер Ештрефи утврдила „латентна агресивност“. Појаснувајќи ја неговата скриена агресивност, психологот кажа дека таа од разговор со него утврдила дека чувал и одгледувал кучиња-шарпланинци кои ги користел за борби, а дека тоа го правел од забава.

За случувањата поврзани со убиството, според психологот, обвинетиот реагирал селективно и не се сеќавал на моменти кои не му одат во прилог.

Дека Насер Ештрефи бил пресметлив, потврди и психијатарот Весна Дамјановска.

Убиството за кое му се суди на Ештрефи се случи на 19 мај минатата година. Тој со два убода со нож го усмрти матурантот Ангел Петковски. На убиството му претходела кражба на велосипед од дворот на семејството Петковски. Ештрефи во одвоена судска постапка ја призна кражбата на велосипедот, но не и убиството.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико