Насер Ештрефи осуден на 13 години затвор за убиството на матурантот Ангел Петковски
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Насер Ештрефи доби 13 години затвор за убиството на Ангел Петковски што се случи во 2014 година.
Во казната е пресметано и времето кое обвинетиот го има поминато во притвор, речиси седум години.
Убиството се случи на 19 мај 2014 година во населбата Ѓорче Петров. Инцидентот почна со кражба на велосипед од страна на Насер Ештрефи од скопското село Грчец.
Ештрефи претходно беше осуден на 14-годишна затворска казна. Врховниот суд ја укина пресудата и судењето го врати на повторно одлучување.
Извор: Макфакс