Насилни протести во Бразил по усвоените мерки за штедење
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Протестите на улиците против усвоените мерки за штедење се претворија во насилни протести во 15 градови ширум Бразил, а најголемите немири се во главниот град Бразилија и Сао Паоло. Околу 60 отсто од Бразилците се против ограничувањето на потрошувачката.
Утринава, бразилскиот сенат го одобри контраверзниот уставен амандман кој наметнува ограничување на трошењето на јавните пари и на федералните инвестиции во социјалните програми за следните 20 години. Усвојувањето на мерките за штедење значи голема победа за претседателот на Бразил, Мишел Темер, и претставува основа на планот на претседатеот за обновување на фискалната дисциплина и воведување контрола врз растечкиот буџетски дефицит.
Опозицијата истакна дека од овие мерки најмногу ќе бидат погодени здравстениот и образовниот сектор кои веќе се финансиски ослабнати.
Извор: Нова Македонија